Русија: Најголем број починати во еден ден од почетокот на пандемијата

by Fokus

Во последните 24 часа во Русија, како последица на ковид-19 починаа 737 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата.

Заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 23.378 новоинфицирани со коронавирусот и во споредба со минатата недела, бројот на заразени на дневна основа е двојно зголемен.

Сепак, и покрај наглиот пораст на бројот на заразени, Кремљ вели дека не се планираат понатамошни рестрикции. Од почетокот на епидемијата, повеќе од 5,6 милиони луѓе биле заразени во Русија, а 139 316 починале.

Се верува дека бројките се дури и поголеми од официјално објавените.

 

Поврзани новости