Русија ќе ги помага компаниите кои се санкционирани од САД

by fokus

Руската групација Ренова на милијардерот Виктор Векселберг добила кредит од банката Промсвјазбанк за да може полесно да се справи со санкциите кои САД ги воведоа против низа руски компании за наводно мешање во американските избори во 2016 година.

Американските власти замрзнаа средства на Ренова вредни меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Руското Министерство за финансии денеска најави дека вакви кредити ќе им бидат нудени и на други компании кои се соочуваат со проблеми поради американските санкции, како што е алуминиумскиот гигант Русал на Олег Дерипаска. Банката Промсвјазбанк е под контрола на руската Централна банка.

Поврзани новости