Селмани: Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет

by fokus

Поранешниот министер и претседателски кандидат, Имер Селмани во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека компромисот за името нема да биде лесен и дека Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет.

-Секоја измината Влада давала свој допринос и напор спорот со името да се реши, не заради Грција, туку заради нас. За да станаме членка на НАТО и ЕУ патот е трнлив. Дали некој од нас од државата е среќен за било каков компорис, не. Ама сите сме свесни дека тоа многу ќе ни донесе. Сигурно тој компромис нема да биде лесен, но мора да биде достоинствен. Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет како Македонија и посебно како Македонци, рече Селмани.

Поврзани новости