Русија изврши ракетен напад врз украинските воздухопловни сили

by fokus

Руските сили извршија ракетен напад на територијата на Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, во украинскиот град Виница.

-Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница.

Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата, објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.

Поврзани новости