Мицкоски: Зошто Груби се препозна во изјавата дека од голтари станале милионери?

by fokus

Груби и ДУИ се препознаа во мојата изјава дека има политичари кои од голтари станаа милионери, а јас не спомнав имиња, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по изјавата на вицепремиерот Артан Груби дека има многу членови од ВМРО-ДПМНЕ кои влегле во партијата како голтари, а излегле милионери.

Мицкоски вели дека се зачудил зошто Груби и ДУИ се препознале во неговата изјава.

-Јас не споменав имиња за да не го спуштам нивото на тоа примитивно ниво како што тој го спушти, затоа што на тој начин се заштитуваат семејствата на тие луѓе, рече Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21.

Според него, пратениците и министрите на СДСМ се заробеници на ДУИ.

-Сега ова можеби ќе го зголеми рејтингот на ДУИ, но тоа е фактичката состојба. Овие 15 пратеника, владеат со оние 40. Таму се Бујар, Крешник и Артан. Од другата страна го имате Ковачевски.

Дали некој знае кој е вицепремиер за борба против корупција. Јас не знам како изгледа. Јас ако не го видев министерот за правда на натпреварот во Палермо, немаше да знам дека е тука. Секоја чест како успеаја овие со 15 пратеника да ги надвладеат овие 40. Но, лошо е тоа за државата, се чувствуваат прекомотни, рече Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“.

Поврзани новости