Русија го смени „касапот од Мариупол“

by fokus

Руската армија го смени Михаил Мизинцев, генералот задолжен за логистика на вооружените сили на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана.

Смената на Мизинцев се случува пред најавената контраофанзива на украинските сили. На негово место е поставен Алексеј Кузменков, поранешен функционер на Националната гарда, но не се наведуваат причините за смената на Мизинцев.

Познат во дел од западните медиуми како „Касапот од Мариупол“, Мизинцев беше назначен за заменик-министер задолжен за логистика неколку дена откако претседателот на Русија ја најави кампањата за делуман мобилизација во септември, минатата година.

Руската инвазија на Украина откри големи логистички проблеми во армијата на земјата.

Поврзани новости