Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, информираше дека денеска ќе продолжи заседавањето на седницата на која ќе се разгледуваат измените во Изборниот законик, кои предвидуваат членовите на Државната изборна комисија да се формираат со апсолутно мнозинство од 61 пратеник, наместо со двотретинско.
Вчера седницата беше прекината за да се преведат 401 амандман, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ве известуваме дека претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, го закажа продолжението на 21-та седница на Комисијата за европски прашања, со почеток во 11.00 часот, на која ќе се разгледуваат 401 амандман на единствената точка на дневниот ред: Предлог за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка“, соопштија од Собранието.