Тимјаник денеска ќе ги пречека децата со посебни потреби во малиот групен дом за штитеници

by fokus

Во неготинското село Тимјаник денеска ќе биде отворен мал групен дом во кој ќе бидат сместени неколку деца од Специјалниот завод во Демир Капија.

На отворањето на домот е најавено учество на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на УНИЦЕФ и на ОН во Македонија Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на Неготино Тони Делков и граѓански организации.

Со Проектот за деинституционализација на 216-те штитеници од Специјалниот дом во Демир Капија, поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и Европската Унија, се предвидува во рок од две-три години, нивно преместување во мали домови во општини ширум Македонија, за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.

Поврзани новости