Михаел Рот – екс германскиот министер за надворешни работи смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори во Македонија е сериозен удар за ЕУ амбициите и дека за ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку и државите на ЕУ кои ги европеизирале билатералните проблеми и ги уценувале.
– Десниот национализам триумфираше во С. Македонија. Сериозен удар за ЕУ амбициите. За ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа. Ако продолжиме со преговорите за пристапување кон ЕУ на таков технократски начин, младата генерација ќе се иселат од Западен Балкан, национализмот и евроскептицизмот драстично ќе се зголемат. Русија и Кина треба да бидат среќни. Конечно ни треба рестарт и без блокади – напиша Рот на социјалната мрежа „Х“.