Роналдо: Сигурно повеќе играчи од светска класа ќе дојдат во С. Арабија

by Fokus

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо е убеден дека повеќе играчи од светска класа ќе играат во Саудиска Арабија и покрај тоа што Лионел Меси замина во Интер Мајами.

Португалецот го потпиша најпрофитабилниот договор во светот на фудбалот со Ал Наср, според кој добива 200 милиони евра годишно.

„Знаев дека моето заминување во Саудиска Арабија ќе го отвори патот за другите и не згрешив. Сигурен сум дека за неколку години оваа лига ќе биде една од најважните лиги во светот. Бензема веќе пристигна и јас сум 1000 отсто сигурен дека уште многу играчи ќе го направат истото . Нека дојдат сите ѕвезди во Арабија, нема проблем со лигата. Она што сакаме е да се натпреваруваме“ – рече Роналдо.

Во последните месеци имаше многу познати имиња кои би можеле да заминат во Саудиска Арабија, меѓу нив Лука Модриќ, Н’Голо Канте, Серхио Рамос, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Вилфред Заха и Роберто Фирмино, како и Лионел Меси, но Аргентинецот се реши за друг континент.

Поврзани новости