Романскиот вицегувернер во притвор поради корупција

by fokus

Вицегувернерот на Централната банка на Романија, Богдан Олтенау во моментов се наоѓа во притвор, откако утрово беше уапсен од полицијата, во рамки на истрагата за корупција што ја спроведува Националната дирекција за борба против корупција.

Тој е обвинет дека во 2008, како спикер на долноиот дом на парламентот, побарал и добил милион евра и изборна поддршка од бизнисмен, за да убеди членови на  убеди романската влада да именуваат извесно лице за гувернер на Делтата на Дунав.

Олтеану во понеделник се очекува да поднесе оставка, а дирекцијата, на чие чело е Специјалната обвинителка Лаура Кодрута-Ковеси,  бара да му биде одреден 30-дневен притвор.

Поврзани новости