Хан: Санкции за Турција ако некоректно се однесува кон обвинетите за пучот

by fokus

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја денеска ја предупреди Анкара дека преговорите за  членство во ЕУ ќе бидат замрзнати доколку, како што рече, постои најмал сомнеж дека односот кон обвинетите за воениот пуч е некоректен.

“Сметам дека мерките преземени против пучистите се диспропорционални, а сега треба да видиме како тие луѓе ќе бидат третирани”, изјави Хан.

Во воениот удар 16.000 лица беа уапсени,  а чистка се прави во војската, судството, образованието, медиумите.  Претседателот Реџеп Таип Ердоган со менување на Уставот сака да ги стави под своја контрола и војската и разузнавачките служби, а не ја исклучува и можноста од воведување на смртна казна.

Инаку, Турција започна преговори за членство во ЕУ во 2005 година, но од повеќе причини тоа преговори многу споро напредуваат. На прашањето на новинарот дали продолжувањето на преговорите за членство има се уште некаква смисла, комесарот рече:

“Тоа е легитимно прашање што си го поставувам секој ден.”

Поврзани новости