Романот на Том Хенкс открива детали од филмската индистрија 

by Fokus

Двократниот оскаровец Том Хенкс објави роман со наслов „Создавање на уште едно големо филмско ремек дело“, инспириран од сопствената филмска кариера.

Тој вели дека го напишал првиот роман за да се „ослободи бескрајниот притисок“ од снимањето филмови.

„Исцрпувачката работа на снимањето филмови може да ве натера да останете без љубопитност за работата“, вели Хенкс за Би-би-си.

„Понекогаш само треба да имате нешто друго за да ја разбудите вашата имагинација“, објаснува тој.

Хенкс кој има 66 години вели дека секогаш пишувал во некоја форма. Неговата збирка раскази „Атипичен тип“ беше објавена во 2017 година и е продадена во 234.000 примероци во Велика Британија. Веќе следната година почна да пишува роман од 448 страници.

„Пишував меѓу филмови, пишував каде и да сум, пишував во авиони, пишував дома, пишував на одмор, пишував во хотелски соби, пишував на продолжени викенди кога не работев“, вели тој.

„Не е фер“, признава тој, дека неговиот дебитантски роман е објавен без да помине низ вообичаениот процес на отфрлање на издавачот, додека другите писатели-дебитанти треба да се борат со тоа. Но, тој не сака да се оправдува и знае дека на крајот книгата „ќе живее и ќе умре од сопствената способност да ја забавува и просветли публиката“.

Приемот на романот „Снимање на уште едно големо филмско ремек дело“ беше млак кај критичарите. Во „Сандеј тајмс“, Дејвид Секстон ја опиша книгата како „Хенкс го објаснува снимањето филмови“ и рече дека „пишувањето е несмасно во текот на целата книга“.

Тим Адамс од „Обсервер“ рече дека „успешно ја доловува баналноста на Холивуд, но ја нема неговата актерска способност да им вдахне живот на ликовите“.

Хенкс не е потресен од овие критики.  Тој вели дека „неговата работа со полно работно време како филмска ѕвезда“ го подготвила да „издржи“ критики.

 

Поврзани новости