Во Куманово нема обиди за киндапирање деца, смирува полицијата 

by Fokus

Во Куманово не се киднапирани малолетници, соопшти полицијата, по гласините што се раширија меѓу граѓаните дека имало вакви обиди.

Кумановската полиција соопшти дека не е регистрирана ниту една појава за ваков настан и дека се преземаат мерки за безбедност на малолетници.

„СВР Куманово најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници.

Ве известуваме дека станува збор за дезинформации, кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните на Куманово. Во СВР Куманово изминатиов период не е регистрирана ниту една пријава за таков настан“, соопшти СВР Куманово.

Од Кумановската полиција велат дека полициските службеници секојдневно вршат физичко обезбедување пред училиштата, редовно се реализираат превентивни активности помеѓу основците и средношколците.

„Овие активности се спроведуваат за да се одржи на јавниот ред и мир, да се репознаваат на социо-девијантните појави, да се спречат болестите на зависност и превенирање на насилството, со посебен акцент на меѓуврсничкото насилство, соопшти СВР Куманово.

Полицијата апелираше до граѓаните да останат смирени и да не придонесуваат во ширење паника која може да наштети на сите, а особено на најмладите.

Поврзани новости