Роднина на починатата: Не можеше да дише, а ни рекоа да ја донесеме само кога ќе има позитивен тест на корона вирусот

by fokus

Не можеше да дише, се мачеше жената два дена, а преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на коронавирусот, вели за Телма, Али Теља, зет на починатата жена од Струга.

66 годишната Немљуне Ибраими во четвртокот била однесена во болницата во Охрид со приоритетен упат од нејзиниот матичен лекар.

Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест.

Тие пак резултати не добиле, а само усно денеска им било соопштено дека починатата и нејзиниот сопруг се позитивни на тестот, додека зетот и ќерката негативни.

Денеска таа е погребана, а сега нејзиното семејство одново ќе биде во 14 дневен карантин.

Од Министерството за здравство денеска најавија дека ќе се прави целосна ревизија на овој случај.

Поврзани новости