Папата и неговите соработници се негативни на корона вирус

by fokus 19:55
19:55

Резултатите од тестовите за коронавирус направени на папата Франциск и неговите најблиски соработници се негативни, соопшти Ватикан.

Во Ватикан се тестирани 170 лица, од кои шест се позитивни.

- Advertisements -

– Можам да потврдам дека ниту Светиот Отец ниту некој од неговите најблиски помошници не е меѓу нив, рече портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Поврзани новости