Роднина на осуден во „Монструм“: Груевски, во иднина судот може и против вас да работи со измислени докази!

by lali

Господине Груевски собрани сме тука да протестираме мирно, но вие неколку пати нѐ спречивте да го искажеме незадоволството. Ве повикуваме да видите дека сѐ е регуларно и сакам да Ве потестам дека оставате лошо наследство па дури и на Македонците, бидејќи во иднина судот може и против Вас да работи вака – со измислени докази и измислени сведоци, изјави Бедри Ајдари брат на осудениот Фејзи Назири и објасни дека полицијата ја спречила групата од 50-60 демонстранти да дојдат до споменикот на Скендер бег и таму да ги прочита своите барања.

– Не сме тука да браниме криминалци, потенцираше Ајдари.

Фамилиите се присутни на протестот со децата на дел од осудените.

Организаторите на протестот бараат да се разреши обвинителката и судијата во случајот, оставка на министерката Гордана Јанкулоска, а од министерот за правда од редовите на ДУИ бараат да се изјасни за затворските казни на демонстрантите од пред еден месец.

Протестите ќе продолжат, велат организатроите, се до исполнувањето на барањата

Поврзани новости