Демонстрантите за „Монструм“: Измислени ви се доказите, не сме терористи!

by lali

Стартуваше протестот на незадоволните граѓани од исходот во сускиот случај „Монструм“.  Тие тргнаа од трговскиот центар „Чаирчанка“ кон Бит-пазар и планот им е своите барања уште еднаш да ги повторат пред споменикот на Скендер бег во Старата скопска чаршија.

Додека се движат по булеварот кај Бит-пазар демонстрантите извикуваат „УЧК“, носат транспарентни на кои пишува дека осудените во случајот „Монструм“ се казнети со измислени докази и оти осудените не се терористи. Држеа говор на албански пред кордонот полицајци пред трговскиот центар „Мавровка“.

Организаторите на протестот бараат да се разреши обвинителката и судијата во случајот, оставка на министерката Гордана Јанкулоска, а од министерот за правда од редовите на ДУИ бараат да се изјасни за затворските казни на демонстрантите од пред еден месец.

Протестите ќе продолжат, велат организатроите, се до исполнувањето на барањата

Поврзани новости