Господине Груевски собрани сме тука да протестираме мирно, но вие неколку пати нѐ спречивте да го искажеме незадоволството. Ве повикуваме да видите дека сѐ е регуларно и сакам да Ве потестам дека оставате лошо наследство па дури и на Македонците, бидејќи во иднина судот може и против Вас да работи вака – со измислени докази и измислени сведоци, изјави Бедри Ајдари брат на осудениот Фејзи Назири и објасни дека полицијата ја спречила групата од 50-60 демонстранти да дојдат до споменикот на Скендер бег и таму да ги прочита своите барања.
– Не сме тука да браниме криминалци, потенцираше Ајдари.
Фамилиите се присутни на протестот со децата на дел од осудените.
Организаторите на протестот бараат да се разреши обвинителката и судијата во случајот, оставка на министерката Гордана Јанкулоска, а од министерот за правда од редовите на ДУИ бараат да се изјасни за затворските казни на демонстрантите од пред еден месец.
Протестите ќе продолжат, велат организатроите, се до исполнувањето на барањата