Родителите на Стоилов најгласни во публиката: Сунчица емотивна, Климе навикнат на дуелите на Столе!

by fokus

Сунчица и Климе, родители на вардарецот Столе Стоилов, го бодреа својот син и неговите соиграчи на трбините во Келн, Германија. Заедно со нашите навивачи тие биле едни од најгласните за време на натпреварите, и речиси не пропуштале ракометен дуел во текот на изминатите години, откако Столе започнал професионално да се занимава со ракомет.

-Прекрасни луѓе, комуникативни, со сите навивачи во Германија се дружеа. Заедно навиваме баш жестоко – вели новинарката Соња Алексоска Неделковска, која заедно со својот син беше дел од фановите на Вардар за време на историскиот спортски успех.

И Мирослав Поповски, кој е долгогодишен член на македонската фаланга во сите спортови, вели дека Сунчица и Климе се редовни на трибините. Раскажува дека Климе сите го знаат, но Сунчица не сакала многу да се експонира, иако и таа речиси и не пропуштала натпревар на нејзниот син Столе.

-Таткото на Стоилов е препознатлив лик на натпреварите, но и неговата мајка е верен навивач, само што не се експонира во јавност. Заедно со мајките на останатите ракометари тие ги следат натпреварите и од се срце навиваат – вели Поповски.

Во претходно интервју, таткото на Столе изјави дека не му е лесно кога гледа како неговиот син влегува во дуели со противници, но со тек на време се навикнал и сфатил дека тоа е основен дел од спортот.

-Не се вознемирувам, доколку не стане збор за некој навистина жесток удар, но можам да кажам дека мајка му е доста емотивна и реагира пред секој старт над него – раскажуваше Климе пред две години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости