Родителите може да здивнат: Учебниците остануваат бесплатни

by Fokus
По доаѓањето на новата власт, во јавноста, посебно помеѓу родителите на ученици се проширија шпекулации дека од новата учебна година, учебниците за учениците од основните и средните училишта нема повеќе да бидат бесплатни, туку секој ќе треба да си ги купи.
Со оглед на тоа што еден комплет во минатото изнесуваше и над 100 евра, периодов владее паника помеѓу родителите, од кои дел реагираат и на социјалните мрежи, со цел да се информираат дали навистина во септември ги очекуваат нови трошоци.
Родители кои што имаат по две – три, па и повеќе деца, коментираат дека доколку се укине мерката за бесплатни учебници, во септевмри ќе треба да ја дадат целата плата за купување на учебниците.
Министерката за образование и наука, Рената Дескоска вели дека нема место за паника, и проектот останува да важи.
,,Се работи за шпекулации, и нема место за загриженост. Со оглед на тоа што основното и средното образование се задолжителни, бесплатни учебници за учениците ќе има и во иднина – изјави таа за ,,Фокус.
Проектот за бесплатни учебници за основците и средношколците започна во 2009 година и е големо олесување за семејниот буџет на родителите. Бенефит од него имаат семејствата на околу 270.000 ученици.
Владата и ресорното министерство досега имаат инвестирано околу 50 милиони евра за оваа мерка.
Вики Клинчарова

Поврзани новости