Роди ме мајко Финец и фрли ме во Македонија

by Fokus

И такво едно поднебје, со добар и гостопримлив народ дозволивме да ни го сјебат партијашите, нивните деца и пластифицирани конкубини!!!!

Пишува: Јанаки МИТРОВСКИ

Согласно најновиот Светски извештај за среќа од анкетата на Галуп интернационал,  Финците шеста година по ред се земја чии граѓани се најсреќни на свет. А во Македонија ништо ново, нашите граѓани се најнесреќни во регионот и на светската листа сме на слабото 87-мо место. Земји од таканаречениот трет свет како Конго и Венецуела се посреќни од нас, а аналогно на листата во регионов сме понесреќни и од земји протекторати како БиХ или ноторно мафијашки како Црна Гора.

Овој резултат може да не е изненадување единствено за Владата и владеачките партии. Во Македонија ноторно лошо се живее, и тука не мислам само на економскиот аспект. Правосудство кое е под очигледна политичка контрола и притисок, огромна и тромава администрација, неефикасен систем, слабо здравство со специјалисти кои масовно се селат. Сето ова секако дека допринесува да една десетина од вкупната популација трајно се иселила само во последниве десет години, а дваесет проценти од сите лекари се иселиле во последниве шест години.

За жал анкетата покажува и дека песимизмот силно ги завладеал македонските граѓани, а и како не би. Политичката сцена во Македонија одамна е мувла, ДПМНЕ и СДСМ се налик Мурто и Курто, албанските партии се уште дебело живеат од национализам додека македонските Албанци се помасовно фаќаат јабана( последниот попис тоа го покажа) Левица која требаше да биде освежување на политичката сцена во трка по гласови отворено флертува со национализам и се помалку третира изворно левичарски теми.

Поради иселувањето Македонија има се помалку работоспособен кадар. Тоа дури се чуствува и во мојата професија, што никогаш порано не било случај. Се јави министерот Битиќи со генијално решение- ќе сме увезувале работници. Хахахаха колку и да е трагично мораме да се насмееме на ваква колосална глупост. Од каде тоа ќе увезуваме работници кои би требало да работат за двесте евра? И небаре фалат само општи работници, од каде ќе увеземе доктори, електроинженери, ИТ експерти, тоа Битиќи не знае или пак не сака да ни каже!

ТРИЕСЕТ И КУСУР ГОДИШНАТА ПАРТИЗАЦИЈА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО

Триесет и кусур годишната партизација си го направи своето и во Македонија не бадијала владее апатија. Ниеден талентиран штотуку полнолетник нема да седи и да гледа како синот на Талат му го зема местото иако полагал пред да заврши, нити пак ќе чека да го одбијат од секоја убава работна позиција бидејки МЕПСО и ЕЛЕМ се резервирани за курвите на партијашите. Патот под нозе и на Запад каде што се повеќе се добредојдени, а Германија на пример ќе ја олеснува и процедурата за добивање на државјанство.

Не е Финска посреќна поради бројноста, имаат едвај пет милиони жители. Климата им е ужас, нон стоп е ладно и често облачно за разлика од топлиот Балкан. И луѓето се ладни, не се дружељубиви отворено како нас. Ама во Финска никогаш нема да доживеете министер да не даде оставка и на најмалата грешка или минимален сомнеж за злоупотреба. Во Финска не треба да му носите двесте грама кафе на лекарот нити да го пиоткупите сообраќаевцот со петстотини денари.

И такво едно поднебје, со добар и гостопримлив народ дозволивме да ни го сјебат партијашите, нивните деца и пластифицирани конкубини!!!!

Поврзани новости