Службеникот што му се заканувал му ги исекол гумите на штипскиот градоначалник

by Fokus

СВР Штип потврди деека вработен во Општина Штип повеќе пати во изминатиот период му се заканувал на градоначалникот Иван Јорданов, а синоќа тој во полициската станица го пријавил Ј. М.

-На 21 март во 22:45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19:40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.

Вработениот кој му се закануваше на Јорданов може да биде обвинет за кривично дело загрозување на сигрурност и да биде осуден на затворската казна од три месеци до три години.

Поврзани новости