Панделески ќе докажува дека не сторил ниту едно кривично дело: Од кога купувањето на акции е незаконски?

by fokus

Одбраната на обвинетиот во „Империја“, Цветан Панделески во воведен говор, пред Судот порача дека ќе докаже дека обвинението по однос на Панделески е класичен пример на недозволена правна конструкција. Неговата одбрана, пред Судот рече дека ќе докаже дека Панделески не сторил ниту едно од делата што му се ставаат на товар и дека делата опишани во Обвинителниот акт не се кривични дела.

Според одбраната, доколку се прочита обвинението и самиот диспозитив за однос на Злоупотреба на службена положба и овластување нема ниту еден опис за противправно дејствие на Панделески.

Односно Панделески се обвинува како неизвршен член на Одбор на директори за одлука донесена од сосем друг орган – Собрание на акционери каде ниту учествувал ниту гласал.

-За наводното обвинение за измама во диспозитивот, исто така нема противправно дејствие на Панделески. Таму има се за сите други лица, но не за Панделески. Во огромното образложение Панделески се споменува само еднаш дека со негови средствата се купувале акции во Фершпед.

Поставуваме прашање – Од кога купувањето акции е кривично дело во Македонија?

Згора на тоа, ЈО на добивањето средства од продажбата и исплата на дивиденда ги квалификувале како кривично дело. Станува збор за редовно финансиско работење, односно трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет и нема ништо незаконско, вели адвокатскиот тим на Панделски.

Трето обвинетиот Јованчо Тасковски, пред Судот рече дека го разбира обвинението и дека не се чувствува виновен.

Во завршен збор, адвокатот на Тасковски, рече дека одбраната ќе докаже дека еден единствена сторител е “оштетената” Кираца Трајковска и н.н. лица за кои воопшто нема истрага.

– Ќе докажеме дека не постои намера и договор меѓу обвинетите, бидејќи двајцата не се познавале. Никој не спомнува ниту еден усмен договор или разговор меѓу двајцата, изјави неговиот бранител.

Претставникот на АД Бетон Штип, предјави отштетно побарување од првообвинетиот Панделески во висина од 92 250 000 денари, додека кон Тасковски нема отштетно побарување.

Адвокатот на оштетената Кираца Трајковска, предјави отштетно побарување во висина од 96 324 042 денари, додека правното лице Естела ДООЕЛ бара 11 508 858 денари.

Главната расправа за случајот против Панделески и Тасковски продолжува на 19 април.

Судскиот случај почна против обвинетите Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и Јованчо Тасковски, кои се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност 4,7 милиони евра.

 

Поврзани новости