1.1K
Роберт Орданоски, досегашниот директор на Агенцијата за електронски комуникации не е реизбран на функцијата, откако оваа година му истече петгодишниот мандат. Тој ваквите информации ги сподели и на својот фејсбук профил.
На позицијата е назначен нов ВД директор. Агенцијата за електронски комуникации во октомври годинава распиша оглас за именување нов директор на оваа институција.
Орданоски беше на чело на институцијата од ноември 2010 година.