Груевски: Мерцедесот од 600.000 евра е за високи гости, а не за мене

by Фокус

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеникот  Горан Мисовски од НСДП го праша премиерот Никола Груевски дали вреди 600 000 евра за мерцедес за неговиот комодитет, повеќе од бедата и комодитетот на граѓани и кој беше мотивот да го крие од новинарите и од граѓаните на Република Македонија.

-Во врска со третото прашање поврзано со возилото, сакам да му посочам дека возилото кое е набавено, е набавено со цел за користење на превоз на високи гости кои ја посетуваат Република Македонија. Возилото во кое мене ме возат е истото возило кое го наследив од минатото, кое е над 20 години старо, одговори Груевски.

Претеникот Мисовски на ова реплицираше дека во објавените бомби, Груевски вели дека мерцедесот ќе го користи само кога оди на пат во странство или на дестинации каде што нема медиуми.

 

Поврзани новости