Спасовски: Личните карти се фалсификат, украден е идентитетот на над 90 граѓани

by Фокус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека личните карти доставени до МВР од страна на новинарот на неделникот „Фокус“, Љубиша Арсиќ се фалсификат, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. 

Според него, истрагата треба да покаже кој ги фалсификувал исправите, за која цел, кој дала наредба и дали биле искористени во изборниот процес.

-Истрагата ја води Јавното обвинителство согласно законските прописи не МВР. Во МВР беше пријавено дека постои индиција за фалсификување лични карти. Се работи на истрагата на наредбите кои ги дава јавниот обвинител. За сега првичното вештачење е завршено и е утврдено дека хартијата е фалсификат и дека од тие 105 примероци на 90 луѓе им е украден идентитетот. Се однесува на граѓани од Куманово, Кичево, Штип, Гостивар. Врз основа на наредбата на јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика да видиме дали биле употебени и дали се користени за други цели. Најважно е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал, зошто, под чија наредба. Ние дознавме за аферата од проектот „Вистина за македонија“. Во неколку разговори се насочуваше дека се издаваат лични карти – истакна Спасовски.

Веќе неколку денови, функционери од владејчката партија секојдневно упатуваат апели до Спасовски да открие дали личните карти се фалсификувани, и ако се, кој го направил тоа. На овие апели, последните два дена се приклучи и премиерот Никола Груевски.

Поврзани новости