Словенечките пратеници го изгласаа Роберт Голоб за мандатар на новата Влада, откако неговата партија победи на националните избори минатиот месец, отворајќи го патот за формирање нова влада, пишува агенцијата СТА.
На тајното гласање, 54 пратеници го поддржаа Голоб, поранешен извршен директор на државна енергетска компанија која започна проекти за зелена енергија. Голоб претходно оваа година стана лидер на централната еколошка партија Движење на слободата, која беше формирана минатата година. Против гласаа 30 пратеници.
Голоб вчера го потпиша однапред усогласениот коалициски договор меѓу неговата партија „Движење Слобода“ со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец, изјавувајќи дека предвидените процедури за формирање и почетокот на работата на новата влада ќе бидат завршени веќе наредната седмица.
По потпишувањето на коалицискиот договор Голоб рече дека брзо биле усогласени целите на работењето на новиот кабинет, но посочи дека со оглед на брзите промени на околностите во иднина ќе биде неопходно постојано прилагодување.