Ристовски: Верувајте ми, ќе ја победиме и Португалија!

by fokus

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски беше видно возбуден на прес конференцијата по победата над Италија. Тој порача дека Македонија има сили да ја победи и Португалија.

-Верувајте ми, ќе ја победиме и Португалија! Зошто да немаме сила за пет дена. Ова се историски натпревари. Македонија никогаш не се нашла во ваква положба. Сметам дека ова нема да застане преку ден, дека ова се моменти со кои нашиот фудбал ќе оди напред. Сакам да прославиме, а од утре да мислам на Порто, рече Ристовски.

Во вторник Македонија и гостува на Португалија во Порто во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

 

Поврзани новости