646
Тренерот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, истакна дека е горд на своите фудбалери кои, како што рече, му го дадоа најдобриот подарок за утрешниот роденден.
-Победивме на италијански начин против Италијанците, гол од два шута. Многу сум среќен за оваа победа, горд сум на овие момци – изјави Милевски.