1.1K
Не беше задоволен од настапот на Македонија на ЕП бочниот играч Стефан Ристовски, кој во изјава за медиумите беше брутално искрен.
Како што порача тој, жали што нашата селекција не успеа да земе бодови на едно вакво големо фудбалско натпреварување.
„Фудбал се игра 90 минути, некои играчи тоа не можат да го сфатат. Да не се тешиме со тоа дека сме херои. Јас планирам уште да носам радости на македонската јавност. Жал ми е што овој квалитет не успеа да исплива на површина. Горд сум на оваа генерација. Од сето ова треба да извлечеме една убава поука. Јас не дојдов да бидам тука турист и жал ми е што не успеавме да земеме бод и да ја израдуваме јавноста“, рече Ристовски.
Фото – ФФМ