Пандев: Срцето ми е полно, ова е мојот максимум и не можам повеќе!

by Fokus 20:59
20:59

Многу емоции имаше денеска по последниот натпревар на Горан Пандев за македонската репрезентација против Холандија.

После мечот, Пандев упати благодарност до целата македонска јавност, но и до сите луѓе со кои се дружел во репрезентацијата во изминатите 20 години.

- Advertisements -

„Возбуден сум и благодарен на цела македонска јавност. Чест ми беше да го носам македонскиот дрес 20 години. Среќен сум што вака ја завршив репрезентативната кариера и вечно ќе се сеќавам на ова Европско првенство. Не знам дали има простор повторно да се вратам. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. На два фронта е премногу за мене. Убеден сум дека оваа генерација ќе избори и пласман на СП. Срцето ми е полно, прекрасно беше да се погледне дека толку македонски навивачи те бодрат. Направивме нешто што вечно ќе остане во нашето сеќавање. Повеќе од ова не можам, ова е мојот максимум“, порача Пандев.

Фото – ФФМ

Поврзани новости