411
Актерката Ирена Рисиќ се обрати на вечерашниот протест пред Владата поради бегството на Никола Груевски и порача дека бара власта да го врати Никола Груевски во Македонија.
-Барам од оваа власт да ни го врати Никола Груевски и да го стави зад решетки како што ни вети. Ве молам да се усериозите и да си ја бркате работата онака како што ветивте. Ја замолувам власта да не се однесува како ние да се вклучуваме во седма сезона од серијава, зашто ние ја гледаме од старт и да не го третира Груевски како секој обичен граѓанин, па тој наеднаш да го снемува, никој да не знае каде е, па на крај сам да ни се јави дека е во Будимпешта, рече Ристиќ.