Протест пред Влада, Савески порача: Не собра револтот, Спасовски да си поднесе оставка, а Мијалков во притвор

by fokus

Помала група на граѓани, најголем дел учесници на Шарената револуција, вечерва одржаа протест револтирани што Никола Груевски успеа да избега од земјата, а власта не го спречи во тоа.

Прв се обрати Здравко Савески кој порача дека министерот Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка, а на Мијалков да му биде одредена мерка притвор.

-Она што не собра е револтот и сите сме бесни за она што претпоставуваме дека се случи, а тоа е дил помеѓу корумпираните елити, и овозможување криминалецот Никола Груевски да избега. Некој мора да сноси одговорност, дали во судството дали во МВР. Спасовски дури и да нема политичка одговорност, има морална одговорност да си поднесе оставка, бидејќи или се неспособни да го задржат во земјата или му овозможиле да избега. Поради тоа, мора да поднесе оставка. Мијалков мора да заврши во притвор. Како тоа за Миле имало опасност да избега, а за Мијалков нема. Ако го остават на слобода, кога Миле е во притвор тоа ќе значи дека Мијалков е на слобода поради нивните планови, рече Савески.

Поврзани новости