Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики, вечерва во емисијата 24 Отворено рече дека за уставите измени ќе се води расправа. Во услови кога Бугарија не го признава македонското малцинство, притисокот за нивно вметнување во Уставот не доведува во една постојана позиција на неизвесност.
„Мене ме интересира како ЕУ се постави кон тоа и какво влијание ќе имаат тие барања од Бугарија врз евроинтеграцискиот пат. Ние ги гледаме само уставните измени и ние паѓаме постојано на политика на свршен чин. Лани беше францускиот предлог, годинава измените. Уставните измени се само дел од бугарската целина. Проблемот е што Бугарија не го признава македонскиот народ и тоа постојано се повторува во низните изјави, позиции и официјални документи. Немаме гаранција дека нивните барања ќе престанат“ – рече Ристевска Јорданова.
Таа е децидна дека Бугарија апсолутно ќе продолжи да блокира и понатаму затоа што таа ги има внесено своите барања секаде во процесот.
Ристевска Јорданова додаде дека Бугарија ги внесува барањата во преговарачкиот процес, бугарскиот диктат е внесен во процесот.