446
Рибар денес рано наутро во водите на Дебарското езеро го пронашол телото на Ј.К. (54) од Дебар, кој бил пријавен за исчезнат на 19 јули.
Како што информираат од полицијата, на местото на настанот бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.