Ресенчанец во болница во Тетово на диво лекувал пациенти со рак на кожата

by fokus

Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец  којподолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал. Лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот. За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден, објави Алсат-М.

„Инспекторатот утврди дека лицето со иницијали Н.П. користи препарати за лекување на пациенти кои се со стаклена амбалажа и без декларација. За работата што ја работи, нема работна дозвола. Во однос на препаратите кои ги користи за време на третманот на рак на кожа и на некои други видови на рак, а за кои поседува одредена документација, лицето е испратено до Агенцијата за лекови за верификација. Во однос на констатираната фактичка состојба, Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата Натура Медика во Џепчиште“, рекоа од здравствениот инспекторат.

Поврзани новости