Светско првенство во фудбал: Франција прв четвртфиналист

by fokus

Франција е првиот четвртфиналист на Светското првенство во фудбал, откако денеска ja елиминираше Аргентина. Во првото осминафинале, играно во Казан, Франција ја совлада Аргентина со 4-3 (1-1) и првпат во историјата запиша победа против двојниот светски првак. Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе со два гола и еден изнуден пенал.

Противник на Франција во четвртфиналето на 6 јули ќе биде подобриот од дуелот Уругвај-Португалија.

Поврзани новости