Ременски: Со снимки ќе докажам дека претресот во мојот дом беше незаконски

by fokus

Професорката и поранешна пратеничка Фросина Ременски преку снимки од видео-надзорот во нејзиниот дом ќе го оспорува претресот кој беше извршен за време на истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“.

Ременски потенцираше дека со споредба на материјалите од видео -надзорот кој бил поставен во домот и кој бил исклучен кога истражителите влегле, и на снимките кои ги направило обвинителството, ќе се види дека кај неа било упаднато незаконски, во момент кога сопствениците не биле дома.

-Приложивме и ние доказ за неовластениот влез во мојот дом, така што тука ќе ги судриме видео – материјалите кои ќе видиме колку кореспондираат со она што е тврдење на јавното обвинителство и она што е мое тврдење, дека имаме комплетно неовластено влегување и претрес во мојот дом. Во овој случај имаме несоодветна проценка за правење претрес по исклучок во дом кој е отворен и во кој нема опасност од вооружен напад или отпор за да влезе без дозвола и присуство на сопствениците на домот, изјави поранешната пратеничка.

Поврзани новости