Ременски: Распуштено Собрание може да се состане и да носи одлуки во случај на вонредна состојба

by fokus

„Сите ние, пратеници во овој парламентарен состав имаме мандат до верификација на мандатот на следниот пратенички состав. Така што нашиот мандат трае и Уставотворецот дал одредени правни можности и ситуации во кој случај и така распуштено да се состане, да заседава и донесува одлуки во интерес на состојбата во која се наоѓа државата, изјави Фросина Ременски за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Кога ќе ги слушате дебатите се добива впечаток дека повеќе аргументи се даваат зошто Собранието не треба да се свика и да верификува одлуки за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да даде правна валидност и сила на уредбите што ги носи Владата. Од друга страна имаме многу малку мислења кои што се на страна на аргументите и целосното толкување на уставните одредби. Деновиве, кога се најави иницијативата за свикување на Парламентот од страна на пратеници, преовладуваат, дури и за мое чудење, експертски мислења кои не ги читаат целосно и дословно не ги интерпретираат уредбите од Уставот и одлуките од Уставниот суд кои се извор на правото, а даваат и наметнуваат обврска Собранието да верификува вакви одлуки од кои произлегува правната слика и валидноста на уредбите кои ги носи Владата, вели Ременски.

Таа вели дека пратениците имаат комуникација со Талат Џафери.

-Со Џафери имаме комуникација. Конкретно немам разговарано на конкретните прашања, освен што ги слушам неговите аргументи кои ги изнесува во јавноста, што е негово легитивно право. Но секако и пратениците имаат исто така легитимно право да поднесуваат иницијативи пред претседателот на кои тој треба да одговори. Не навлегувам во тајмингот кога ќе одлучи по иницијативата, верувам дека ќе биде многу брзо. Очекувам да има поинакви аргументи од оние кои беа дадени во месец март. Сега имаме поинаква ситуација, односно истечени рокови коишто во Уставот се определени со одлука за самораспуштање на Собранието. Собранието сметам дека час поскоро треба да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба, а со тоа да се даде валидност и верификација, вели Ременски.

 

Поврзани новости