719
Фросина Ременски на својот профил на „Фејсбук“ денеска објави дека нема ништо против Обвинтелството да ја истражи нејзината улога во невладината организација на Бојан Јовановски.
-Да не ги оставам загрижени оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на патриотизам за празникот 2 Август – Илинден… Добро сум, ич да не се секирате! Немам ништо против, напротив, ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сè што ги интересира или за сè што имаат дилема, напиша Ременски.