Давидовиќ: Новиот јавен обвинител не треба да биде од обвинителските кругови

by fokus

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за тоа каков треба да биде новиот јавен обвинител на новото обвинтество.

-Јавниот обвинител да не биде од обвинителските кругови, треба да ја знае својата работа, да е можеби судија, адвокат, да има стручни способности и знаења, но не и да биде дел од тоа обвинителство за да се избегне тоа дека било кој и на било кој начин некому му должи нешто, вели Давидовиќ.

За аферата „Рекет“, тој вели дека ги тресе и темелите на државата.

-Доаѓате во ситуација СЈО кое требало да гони , за чие формирање сите помагаа и предупредуваа дека треба да постои СЈО, на крај обвинителот кој беше толку фален и кој имаше толкава поддршка, да треба да одговара пред јавноста. Ако можете да го купите специјалниот јавен обвинител, тогаш може да купите секого, заклучува Давидовиќ.

Поврзани новости