Ременски: Лежерно влеговме во превенирањето на параполициските структури

by fokus

Фросина Ременски во вечерашното гостување на 1 ТВ со доза на самокритика констатираше дека власта лежерно влега во превенирањето на злоупотребите на безбедносните структури.

-Јас ја слушнав изјавата во емисијата што ја имаше синоќа Јовановски со Пендаровски за неговата констатација дека е следен од одредени лица кои тој ги квалификуваше на одреден начин. Можеби тоа е добро да се отвори како дилема или претпоставувам заклучок кој го делат повеќето функционери кои што биле третирани од страна на параполициските структури. Се сомневаме, јас се уште се сомневам дека таквите структури постојат и дека работат надвор од службените овластувања под партиска команда, под која претпоставувам има служби од безбедносните структури за да информираат за одредени движења на одредени политичари. Од друг аспект, отвора друга дилема која што сакам критички да ја потенцирам и во нашите партиски кругови, дека ние малку лежерно влеговме во сферата на превенирање на ваквите злоупотреби, имајќи предвид дека дел од ветувањата во предизборието во расветлување на случаи, не успеавме до крај да ги истражиме. Легалноста на постапувањето на одредени структури го оставивме на истражните органи што е легитимно. Но ако се има во предвид дека полицијата и сите останати служби имаат внатрешен механизам на контрола не сум сигурна дека до крај ги анулиравме овие дејствија, рече Ременски.

Поврзани новости