Филипче најави бесплатни прегледи за малиот Милош

by fokus

По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема  ари ниту да направи контроли по извршената операција на срцето реагираше лично министерот Венко Филиче.

Филипче најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, со оглед дека деветгодишното дете е родено со срцева маана, било опериран во Бугарија. Оттогаш, односно девет години не направил никаков преглед, бидејќи родителите немаат пари. Малиот Милош секој ден на училиште пешачи и по три часа или оди со магаре, бидејќи семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.

Поврзани новости