418
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против сега заменикот-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, поради несовесно работење. Ременски смета дека Спасов не одлучувал по жалби на повеќе од 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.
-Спасов правото да одлучува по жалби го пренел на лице на пробна работа во министерството, лице кое по закон нема право да учествува во решавање на предмети во управна постапка, изјави министерката Ременски.
Ременски ќе поднесе уште една кривична пријава и тоа против поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничката на пробна работа во министерството кој одлучувала по жалбите.