СДСМ: Груевски сака да се подбива со граѓаните

by Фокус

СДСМ  во својата изборна програма предвидува помош до 9.000 евра на граѓаните кои градат индивидуална куќа до 150 м2.  Според програмата на СДСМ, државата ќе им покрие на граѓаните 50 проценти од трошоците за комунален надоместок и оваа мерка ќе важи за сите граѓани.

-Оваа мерка ја има во Програмата што Конгресот на СДСМ ја усвои минатата недела. Груевски тоа го знае. Груевски е тој кој во немоќ се
Со таканаречениот драматичен проект за млади, Груевски драматично се расфрла со виртуелни нули, наспроти реалнитенули на неговите станови. Груевски сака да се подбива со граѓаните. Никола Груевски им бара на младите луѓе плати до 50 илади денари или до 80 илјади денари, за да можат да добијат виртуелна идна државна помош за куќа, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Од СДСМ велат дека Груевски им поставува лимити за возраст до 35 години на граѓаните за и бара да бидат кредитоспособни во услови кога над 50 проценти од младите не се вработени, а најголем дел од останатите се хонорарци.

-Груевски знае зошто го најавува виртуелниот проект за февруари, бидејки тој тогаш нема ни да биде премиер. Колку се виртуелни проектите на Никола Груевски покажа претходната реклама Купи куќа купи стан, којашто освен што стави пари народни пари во медиумите под негова контрола, не го реши проблемот на граѓаните, се вели во соопштението.

Поврзани новости