Ректорот ветил средба со Студентскиот пленум

by Фокус

Студентскиот пленум добил ветување од ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велимир Стојковски, дека во најскор можен рок тој ќе оствари средба со нив и заеднички ќе се обидат да се отстранат сите спорни прашања.

-Како што е веќе познато, нашите барања не беа разгледани во разумен рок. Затоа денес, доследни на нашиот збор, студенти од Студентски пленум одново дојдоа да ја блокираат работата на Ректоратот. По кратко време бевме исконтактирани од Ректорот кој треба да се врати од службено патување подоцна во текот на денот. Добивме ветување дека во најбрз можен рок ќе се состанеме и заеднички ќе се обидеме да ги отстраниме сите спорни прашања, соопшти денеска Студентскиот пленум.

Вчера Пленумот поднесе и пријава за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, поради тоа што изградбата на зградата за факултетите ФИНКИ и ДИВ во дворот на кампусот на УКИМ не го следела Законот за градба и Правилникот за стандарди и нормативи за урбано планирање.

Поврзани новости