Ременски: Гоце Делчев е повеќе од Македонија!

by Фокус

Професорката и некогашна министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Таа пред црквата Св. Спас истакна дека Делчев треба да биде мост за спојување, а не разделување на граѓаните.

-Гоце Делчев е повеќе од Македонија. Тој наш револуционер може да го чествуваат сите и може да послужи на новите генерации за тоа како треба да ги бранат вредности. Во аманет Делчев ни остави големи вредности. Ги осудувам сите говори на омраза и негирање на македонскиот јазик и идентитет од било кој. Делчев не смее да биде камен на сопнување, туку треба да биде мост за спојување на народите – рече Ременски.

Во однос на случувањата со медиумите, таа го осуди непристапот на новинарите во црквата каде е гробот на Делчев.

-Слободата на медиумите е неприкосновено нешто за новинарите. Сите политичари треба да ја почитуваат новинарската професија. Ова чествување колку е добро медиумски покриено, толку ќе е подобро за јавноста за да знае што се случува. Не смее да се кршат правилата на медиумите – заврши таа.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости