(ФОТО) Мицкоски пристигна пред „Св Спас“ со сопартијците од ВМРО

by Фокус

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и високото раководство на партијата, членови и симпатизери од седиштето на партијата се упатија кон црквата Свети Спас, каде пристигнаа да му оддадат почит на Гоце Делчев.

Нив им требаше подолго време да стигнат до местото, а во 13 часот се очекуваат да стигнат и претставници од соседна Бугарија.

Претходно, заврши официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев кога почит одадоа претеседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и дел од министрите во владата, пратеници, градоначалници.

Јорданчо ЦВЕТАНОВСКИ

Поврзани новости