Ректорот Јанкуловски не ги даде наградите за најдобрите научници во 2016

by Fokus

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, денеска не се појави на свеченото доделување на наградите за најдобар научник од Македонија за 2016 година.

И покрај тоа тоа што сите петмина добитници на наградата чекаа во фоајето на свечената сала во Ректоратот, Јанкуловски одби да даде куса пауза на ректорската седница за да ги додели наградите, иако на тоа инсистирале дури и членови присутни на седницата.

За природно-математички науки е наградена проф. д-р Мимоза Ристова, Природно-математички факултет, за техничко-технолошки науки – проф. д-р Игор Јорданов, Технолошко-металуршки факултет, за медицински науки – проф. д-р Љубица Георгиевска – Исмаил, Медицински факултет, за општествени науки – проф. д-р Анита Циунова – Шулеска, Економски факултет и за уметности – Живојин Глишиќ, Факултет за музичка уметнос

Поврзани новости